ЈАРЕЦ

            На мажот Јарец од се во животот и љубовта најмногу му значи сигурноста. Порази и неуспеси не поднесува, па затоа и во освојување тргнува дури кога се добро ќе проучи и разгледа и кога ќе биде сигурен дека таа нема да го одбие. Или попрецизно - дури кога таа него ќе го освои. Тој пленува воглавно со своите позитивни црти, со сериозност, стабилност, постојаност, вредност, пожртвуваност. Многу е внимателен, верен и приврзан и остава добар впечаток со што влева доверба. Затоа девојката ќе посака да стане нејзин за на век. А покрај ова на почетокот е јасно дека гарантира и сигурност во материјална смисла. Тајната на неговиот успех лежи во овие особини. Но треба да се внимава, ако дамата сака романтика, нежност, забава и останати ситни животни радости, пренагласеноста на овие негови особини можат да и засметаат, дури и да ја разочараат. Затоа треба да се внимава малку на ова.
Жената Јарец освојува како што знае и умее, како кога, како каде, но секогаш на вистински начин. Воглавно, овој занает добро го знае или пак знае како секој добар занаетчија да се приспособи кон “објектот”. Ова не е случајно кажано, затоа што другата страна во очите на жената Јарец тоа е тѕака навистина, обичен објект, затоа што ја нема таа особина во однос на која бо дозволила да биде инфериорна. Ете затоа на прашањето Како заведува, следува одговор: како супериорна личност - лесно. Понекогаш некој ќе помисли дека сериозна дама со строг поглед која многу ретко се смее - нема душа... Меѓутоа ја има, но покрај толку студенило кое се чувствува околу неа, за емоциите не е сосема сигурно. Како би било сигурно кога ги кријат повеќе и подобро од било што друго. Зошто? Па едноставно, тоа им е во нивната природа. А против неа не се може. Или пак може? Зависи како кој... Но тие тоа ни самите не го сакаат. Им одговара таков пристап, па затоа и не го менуваат. Тие се “скроени” по старински, класичен шаблон и многу се оптоварени со личните преубедувања, предрасуди, се држат строго кон сите можни правила, ги почитуваат конвенциите... Затоа им се допаѓаат обично само на оние кои им се слични. Но тогаш двајцата одговорни, доследни, и над се сериозни, ќе направат чудо од врска - таа не само што ќе трае, туку и од ден на ден ќе биде се поубава. Тајната на успехот на жената Јарец е лежи во нејзините пресметки и решеноста да ТОЈ биде оној кој само таа ќе го одбере. Тогаш не постои таа сила што ќе ги спречи во таа намера. Иако според се друго како класична жена, заводничка во вистинска смисла таа сигурно не е, затоа што кокетирање и флертување не и паѓа на ум. Зашто, оној за кого ќе се одлучи да му го подари своето срце, мора сам да го заслужи.